Македонскиот олимписки комитет (МОК) го заокружи списокот на спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри во Токио.
Земјава ќе ја претставуваат 8 спортисти, во поединечни спортови.
-Миа Блажевска Еминова – пливање 100 м.
-Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол
-Дејан Георгиевски – таеквондо +80 кг.
-Филип Деркоски – пливање 400 м.
-Пулексенија Јованоска – карате ката
-Магомедгаџи Нуров – борење слободен стил 97 кг.
-Арбреша Реџепи – џудо – 52 кг.
-Јован Стојоски – атлетика 400 м.
Први од македонските спортисти ќе настапат Деркоски и Бранковски, на 24. Јули, а последен ќе настапи Нуров на 6. август.
Шеф на македонската делегација ќе биде спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски.