Top Sport

Макрон: Руско знаме нема да се вее на Олимписките игри во Париз

Руското знаме нема да се вее во ниту еден момент за време на претстојните Олимписки игри во Париз идното лето, увери францускиот претседател Емануел Макрон. Тој додаде дека учеството на спортистите од таа земја е прашање за кое може да одлучува само Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

„Се разбира, не може да има руски знамиња за време на Олимписките игри во Париз. Мислам дека постои консензус за ова прашање. Русија, како земја, не е добредојдена овде во време на воени злосторства и депортација на деца“, изјави Макрон во интервју за спортскиот весник „Л’Екип“.

„Вистинското прашање е што ќе направи ИОК за учеството на руските спортисти. Ова е случај што не треба да се политизира“, дополни претседателот на Франција.

Scroll to Top