Top Sport

Летонците ја победија Италија и ќе играат за петтото место на Мундобаскет

Кошаркарската репрезентација на Летонија ја совлада Италија со 87:82 во разигрувањето од петтото до осмото место. Сега Летонците ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Литванија и Словенија, за пресметка за петтата позиција на Мундобаскет.

Кошаркарите на Летонија имаа подобар ефект во ударите за три поени и тоа на крајот беше клучно за триумфот против Италија.

Најдобар поединец беше Гразулис со 28 поени, додека Датоме уфрли 20 поени во селекцијата на Италија.

Scroll to Top