Австриецот Макс Франц стигна до својата прва победа во супер-џи од Светскиот куп, откако на тешката Брдс оф Преј патека во Бивер Крик, имаше најмногу среќа со лошото време.
Трката беше одложена еден час, за работниците да го отстранат вишокот снег од патеката, и при тешки услови, Франц успеа да триумфира со време од 1:01.91, пред Швајцарецот Мауро Кавиецел (0.33 секунди заостанување) , додека третото место неверојатно го поделија тројца скијачи со 0.41 секунди послабо време – норвешките колеги Аксел Лунд Свиндал и Александер Омод Килде и Италијанецот Доминик Парис.
Франц минатиот викенд триумфираше на спустот во Лејк Луис, покажувајќи дека е во одлична форма оваа сезона.