Top Sport

Мареј целиот награден фонд од 2022 ќе го донира за УНИЦЕФ и Украина

Поранешниот светски рекет број 1, Шкотланѓанецот Енди Мареј потврди дека ќе ги донира сите пари кои ќе ги освои на турнирите во 2022 до програмата на УНИЦЕФ за помош на децата во Украина.

Мареј ќе работи со детската агенција на УНИЦЕФ за да се помогне на децата кои страдаат од војната помеѓу Русија и Украина, откако УНХЦР потврди дека има 2 милиони бегалци од кризата.

„Над 7.5 милиони деца се под ризик во конфликтот во Украина, така што ќе работам со УНИЦЕФ за снабдување на медицински средства и детски пакети. Клучно е нивната едукација да продолжи, така што УНИЦЕФ сака да обезбеди пристап до образование, како и рехабилитација на оштетените училишта. Целиот награден фонд до крајот на годината оди во тој правец, а сите може да донираат на УНИЦЕФ“, порача Мареј.

Scroll to Top