Енди Мареј, некогаш број 1 во светскиот тенис, се подготвува за настап на првиот турнир во новата сезона. Британецот, открил дека се чувствува многу подобро отколку што тоа било случај пред неколку месеци.
Мареј во 2017 година, поради повредата на колку, мораше да се повлече од Вимблдон, кога и започнаа неговите проблеми. Операцијата на колкот предизвика 11-месечна пауза.
Летово тој се врати на турнирот во Квинс, а во 2018 година одигра само 12 мечеви. По турнирот во Шенжен, одново поради проблемите со колкот, објави дека ја завршил сезоната.
Според планот, новата сезона ќе ја отвори во Бризбејн, каде победувал во 2012 и 2013 година.
„Уште чувствувам болка во колкот, но треба да играм на турнирите за да оценам дали можам да одиграм пет мечеви во низа. Минатата година во Австралија ми беше тешко. Сега се чувствувам многу подобро. Секогаш сум сакал да играм тука“, рекол Мареј.
Британецот годината ја заврши на 256. позиција на АТП листата, а на Австралија опен ќе настапи со специјална покана на организаторот.
Мареј во Бризбејн тренирал со Наоми Осака, а планирал да работи и со Џон Милман.