Top Sport

Мареј: Сега немам болки и уживам во животот, кам-бек само ако можам

Енди Мареј не знае дали некогаш ќе се врати на професионалниот тенис, но Шкотланѓанецот вели дека тоа не му носи некои фрустрации, објаснувајќи дека е здрав, среќен и ужива во животот.

Трикратниот гренд слем шампион на почетокот на 2019 објави дека ќе се повлече по Вимблдон поради постојаните проблеми со колкот, но неколку недели подоцна отиде на операција и најави дека сепак, би било возможно да се врати на спортот. Тој во неделата стартуваше на маратонот во Лондон и откри дека веќе нема болки.

„Веќе можам да удирам топчиња стоечки, но уште не сум се обидел да се движам на тенискиот терен. Не чувствувам притисок да играм повторно, но ако телото ми дозволи ќе се обидам. Веќе немам болки, среќен сум и уживам во животот“, вели Мареј.

Scroll to Top