Top Sport

Мареј: Со нетрпение чекам пак да играм со Новак, Роџер и Рафа!

Поранешниот светските тенисер број 1, Енди Мареј верува дека играчите од „големата тројка“ и тој се уште не си кажале се што имаат.

Мареј кој се подготвува за Австралија Опен вели дека очекува дека ќе игра уште многу возбудливи мечеви со најдобрите во светот.

Минатиот јануари, токму во Австралија, Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал му посакаа се најдобро во спортската пензија, но се испостави дека тоа била предвремена реакција затоа што Британецот му се врати на профи-тенисот.

„Мислам дека Рафа, Новак и Роџер ќе играат уште и тоа секако – позитивно. Сега е можно да се игра на тоа ниво и кога ќе се помине триесетата. Сепак би бил многу изненаден доколку сесе си се видам како играм на 38 години. Логично е Федерер прв да се повлече, тој е 6 години постар од мене и од Новак, а 5 од Рафа. Сепак, гледајќи што се тие прават, тоа е фантастично. Со нетрпение чекам пак да играм против нив“ – вели Мареј.

Тој за себе вели дека го променил начинот на работа и сега на се пристапува попаметно и повнимателно.

„Начинот на тренирање го променив. Не работам така напорно како порано. Попаметен сум. До резултати може да се дојде и на помудар начин. Сега е важно да знаеш како да одмориш. Најверојатно до операцијата би дошло порано или подоцна. Не чувствувам болка, а здравјето ми е приоритет број 1“ – рече двојниот освојувач на Вимблдон.

Scroll to Top