Top Sport

Патриотски потег на Бајевиќ – ќе работи без пари!

Прославениот фудбалски репрезентативец на поранешна Југославија, Душан Бајевиќ неодамна беше поставен за селектор на селекцијата на БиХ. Популарниот „Принц од Неретва“ го наследи на жешкото столче Хрватот Роберт Просинечки и прифати голем предизвик – БиХ да ја однесе на ЕУРО 2020 преку баражот во Лигата на нации.

Босанските медиуми пишуваат дека Бајевиќ побарал селекторската функција да ја извршува бесплатно.

Поранешниот тренер на белградска Црвена Звезда договорил соработка со Фудбалскиот сојуз до крајот на март кога се игра баражот за ЕП, па токму затоа не сакал да ги наплати своите услуги.

Сепак, според законот тој не може да ја извршува функцијата без соодветна надокнада, а ФС ќе треба да пронајде решение како да го исплати.

„Змејовите“ во полуфиналето од баражот во Лига на нации ги чека дуел со Северна Ирска во Зеница, а доколку победат на истиот стадион ќе играат со подобриот од дуелот Словачка – Република Ирска.

„Принцот од Неретва“ ја презеде Босна и Херцеговина

Scroll to Top