Top Sport

Ибрахимовиќ се враќа на „Сан Сиро“ со договор до крај на сезонава!

Златан Ибрахимовиќ му рекол „ДА“ на калчолигашот Милан, пренесува еден од најинформираните фудбалски новинари на „Чизмата“, Џанлука ди Марко.

Според информациите, легендарниот шведски фудбалер ќе потпише договор со „росонерите“ до крајот на актуелнава сезона, 2019/2020.

Милан досега има очајна сезона, поблиску е да игра за борба за опстанок, отколку за врвот на табелата во Серија А. Доведувањето на темпераментниот Швеѓанец се чини е очајнички потег.

Ибрахимовиќ има 38 години, но и понатаму кондицијата му е во најдобар ред. Сигурно со своето искуство ќе му помогне на Милан кој досега, по 17 кола има постигнато само 21 гол.

Ибрахимовиќ го носеше „црвено-црниот“ дрес во периодот од 2010 до 2012 година и на 85 меча постигна 56 гола со 24 асистенции.

Scroll to Top