Трикратниот гренд слем шампион Енди Мареј го направи своето долгоочекувано враќање на тениските терени, покажувајќи дека не заборавил да игра, но на крајот беше поразен во три сета со 3:6/7:6(4)/6:4 од Австралиецот Ник Кирјос во првото коло на Квинс Клаб турнирот во Лондон.
За 31-годишниот Шкотланѓанец ова беше прв меч од поразот на Вимблдон минатата година, по што имаше операција на колкот и неколку пати неуспешно се обидуваше да се врати во форма. Во интересен меч, Мареј беше еднаков со одличниот Кирјос и спаси две меч-топки пред да „капитулира“.
Кирјос во Штутгарт минатата недела стигна до полуфиналето каде што го намачи Роџер Федерер, но овојпат на моменти беше во топ-форма, а на моменти целосно „изгубен“. Откако го загуби првиот сет, Австралиецот се врати во игра во тесниот втор и на крајот ја расипа забавата на Мареј по 2 часа и 39 минути игра.
Фото: ЕПА