Швајцарскиот скијач Марко Одермат победи на последната велеслаломска трка оваа сезона во Светскиот скијачки куп. Одермат на патеката Мерибел на одличен начин ја круниса одличната сезона. Тој победи со време од 2:10.40 минути, пред Лукас Братен и Лоик Мељард.
Одермат со оваа победа го потврди и малиот кристален глобус во велеслалом со вкупно освоени 720 бода.
Претходно, Марко Одермат стана и генерален победник на Светскиот куп во алпско скијање.