Top Sport

Марко Одермат освои златен медал во велеслалом

Швајцарскиот скијач Марко Одермат се закити и со втор златен медал на Светското првенство во алпско скијање. Тој го освои првото место и во велеслалом, откако претходно славеше и на натпреварувањето во спуст.

Швајцарецот по двете трки забележа вкупно време од 2:34.08 минути. На втората позиција заврши неговиот сонародник Лоик Меилар, додека бронзата ја освои Марко Шварц од Австрија, кој по првата трка имаше најдобро време.

Мирко Лазарески беше единствениот македонски скијач кој ги мина квалификациите и настапи, но не успеа да ја заврши првата трка.

Scroll to Top