Во вечната дебата околу тоа кој е најголемиот тенсер на сите времиња се приклучи и поранешниот финалист од САД опен, Тод Мартин, кој признава дека најголемо задоволство му предизвикува да го гледа Роџер Федерер во акција, но дека Новак Ѓоковиќ едноставно е „најголемиот“.
Федерер е сопственик на рекордни 20 гренд слем титули и има најдолг престој на првото место на АТП листата, но Рафаел Надал и посебно Новак Ѓоковиќ сигурно имаат повеќе тениски години пред нив. Мартин, кој беше дел од тренерскиот тим на Новак во 2009 и 2010 има свој фаворит.
„Роџер естетски е најзадоволувачкиот тенисер кој сум го видел во кариерата. Прекрасно е да го гледаш со сервис, со ретурн, во напад, во одбрана… Сè што прави изгледа навистина прекрасно. Меѓутоа, за мене, Новак е вистинскиот, бидејќи е самоуверен со својата физичка форма и е навистина фокусиран. Никој не е толку непобедлив на тениските терени. Неговиот ретурн е подобар од било чиј на турнејата и никој не успеал да неутрализира толку добри сервиси. Бидејќи работев со него, знам дека кога е фокусиран е како ѕид. Сега можеби не така, и најимпресивно е што во долги периоди тој не мора да ја игра својата најдобра игра. Таков фајтер не сме виделе“, вели Мартин.