Хорхе Масвидал почна „војна со зборови“ со Ирецот Конор Мекгрегор по победата на УФЦ 224 во Њујорк над Нејт Дијаз, нарекувајќи го „еб.но џуџе“ во „Медисон сквер гарден“.
Масвидал го доби мечот со технички нокаут, откако докторот не дозволи враќање во октагонот на Дијаз поради огромната исеченица над десното око, по што стана јасно кого сака за следен противник. Самиот Мекгрегор најави дека се враќа во УФЦ на 18 јануари.
„Знаете ли што ќе му направам на тоа мало човече, ќе го убијам. Тој е еб.но џуџе. Дејна Вајт, претседателот на оваа компанија, кажа убаво – јас сум преголем маж за него. Сфаќам зошто луѓето сакаат да го видат претепан по сите глупости ко ги направи. Но, тој не сака борба, туку само зборува да го има во медиумите. Гледате како тепа стари луѓе бидејќи тоа се единствените борби кои може да ги добие“, вели Масвидал.
УФЦ: Докторот ја расипа забавата и го прекина мечот Масвидал-Дијаз (видео)