Top Sport

Масвидал си тураше од вискито на Мекгрегор на повреденото стапало

Хорхе Масвидал ја продолжи војната со зборови со Конор Мекгрегор, овојпат користејќи шише од вискито на Ирецот, „Пропер 12“ за да му помогне со исеченицата на неговото стапало.

Масвидал последните денови го „провоцира“ Мекгрегор преку социјалните мрежи и интервјуата, обидувајќи се да предизвика дуел во кафезот, а сега реши да оди по брендот виски на Ирецот.

„Имам мала исеченица на стапалото од скокање во базен. Исеченицата не залечува бидејќи потоа ја отварам кога тренирам. Ми требаше малку алкохоло или нешто слично, но немав дома и тогаш мојот брат имаше идеја да го земам ова е.ано евтино нешто. Некој го делеше на улица, и решив дека токму тоа ми е потребно. Но, тоа е евтино е.ано виски. Не ме пече. Ова е ѓубре, брате. Има ли алкохол во ова шише?“, прашува Масвидал.

Оваа провокација доаѓа откако во интервју Масвидал изјави дека сака меч со Мекгрегор пред тој да се „предозира на кокаин“.

Масвидал сака да му ја „скрши фацата“ на Конор, пред тој да се „предозира со кокаин“

Scroll to Top