Третиот носител на мастерсот во Париз, Данил Медведев, избори пласман во полу-финалето. Медведев, за 63 минути, во четврт-финалето, го декласира Диего Шварцман со 6/3, 6/1.
Рускиот тенисер одигра речиси префектен меч, искористи четири од шестте топки за брејк, а кога сервираше загуби само пет поени. Медведев имаше 17 винери и 16 неизнудени грешки, додека тој однос кај Шварцман беше 6/24.
Ова беше четврта победа на Медведев над Шварцман, во исто толку меѓусебни дуели.
Медведев за пласман во финалето ќе се бори со победникот од четврт-финалниот меч во кој ќе играат Милош Раониќ и Иго Умбер.