Top Sport

Медведев го освои Мајами

Русинот Данил Медведев го освои Мастерс турнирот во Мајами, победувајќи го италијанскиот тенисер Јаник Синер со 7:5, 6:3 во финалниот меч. Во првиот сет Синер прв направи брејк кога поведе со 3:2. Сепак, Медведев веднаш го врати загубеното, по што се водеше израмнета борба до крајот на првиот сет. При водство од 6:5 во гемови, рускиот тенисер направи нов брејк, веројатно клучниот на мечот, кој му донесе предност од еден сет.

На тој позитивен бран, Медведев одлично го отвори вториот сет и поведе со 2:0. За момент Синер се врати бидејќи му го одзеде сервисот на Русинот и намали на 1:2, но тоа беше неговата последна закана на мечот. Медведев веднаш потоа направи нов брејк, поведе со 3:1 и лесно го држеше водството до крајот.

Со ова, 27-годишниот Медвједев ја освои 19. АТП титула во кариерата, а тоа е шести трофеј на Мастерс турнирите.

Scroll to Top