Рускиот тенисер Данил Медведев го елиминира Карлос Алкараз во полуфиналето на Ју-ес опен и во мечот за трофејот ќе игра против Новак Ѓоковиќ.
Шампионот од 2021 година победи со резултат 7:6 (3), 6:1, 3:6, 6:3, по речиси три и пол часа спектакуларен тенис.
Алкараз беше фаворит во овој дуел, поради неговата позиција на АТП листата, тоа што е актуелен шампион на Њујорк, но и поради тоа што сезонава во два наврати убедливо го порази рускиот играч, во Вимблдон и Индијан Велс.
Финалниот меч за титулата во Њујорк ќе се одигра утре со почетк во 22 часот.
Да потсетиме, Ѓоковиќ води со 9:5 во победи против Медведев, но сепак го памети поразот во финалето на Ју-ес опен во 2021 година, кога Русинот го спречи да го освои календарскиот слем.