Рускиот тенисер Данил Медведев објави на социјалните мрежи дека мора на принудна пауза. Поради кила, Медведев, ќе отсуствува од тениските терени помеѓу четири и осум недели.
„Здраво до сите. Изминатите месеци играв со кила. По консултациите со тимот, решив да одам на рутинска операција, за да го решам овој проблем. Веројатно нема да играм еден до два месеци. Ви благодарам на поддршката“, напишал Медведев.
Рускиот тенисер, до понеделник ќе биде светски број 1, потоа врвот на АТП листата ќе му го препушти на Новак Ѓоковиќ. Медведев падна од врвот поради поразот од Хуверт Хуркач во четврт-финалето на мастерсот во Мајами.
Извесно е дека Медведев ќе ги пропушти турнирите во Монте Карло и Барселона, а прашање е дали ќе настапи во Мадрид и Рим.