Данил Медведев, Рафаел Надал и Стефанос Циципас успешно го минаа првото коло на АТП турнирот во Акапулко.
Медведев во два сета (6/3, 6/4) го победи Беноа Пер. Мечот траеше еден час и 42 минути. Медведев, кој по овој турнир може да стане број 1 во светот, проблеми со францускиот тенисер имаше само во вториот сет.
Во второто коло, Медведев ќе игра против Пабло Андухар.
Рафаел Надал рутиски го реши мечот со Денис Кудла. Шпанецот победи со 6/3, 6/2. Во текот на целиот меч не му дозволи ниту една брејк топка на противникот. Ова е 11.победа на Надал од почетокот на сезоната.
Во второто коло Надал ќе игра против Стефан Козлов.
Стефанос Циципас, во интересен и неизвесен меч, во два тај-брејка го победи српскиот играч Ласло Ѓере. Џефри Џон Волф, во моментов 209.играч на АТП листата, ќе биде наредниот противник на Циципас.