Top Sport

Медведев: Не знам дали има хомосексуалци меѓу тенисерите, никој не кажал

Данил Медведев влезе во третото коло на САД опен без проблеми, победувајќи го Германецот Доминик Кепфер (6:4/6:1/6:2), по што на прес-конференцијата беше запрашан за тоа дали знае дали има хомосексуалци меѓу тенисерите на АТП турнејата.

„Дали има на турнејата? Доколку некој не излезе и го каже тоа, нема да знаеме, мислам дека такви работи ги знаат само нивните најблиски и тие знаат низ што поминуваат. Мислам дека секоја АТП иницијатива да се заштитат правата на тенисерите е одлична, и секој тенисер, без разлика на тоа од каде е и дали е хомосексуалец, треба да се чувствува безбедно“, вели Русинот.

Тој исто така одговори на прашања околу тоа дали тенисерите треба да бидат вакцинирани.

„Тешко е да се одговори бидејќи секој има свое мислење, а јас воопшто немам мислење за тоа. Во моментов нема правило дека мора да си вакциниран и сите ги почитуваме правилата. Ако донесат такво правило ќе се адаптираме. Тоа го одлучуваат организациите, ние сме обични работници на тенискиот терен“, додава светскиот број 2.

Scroll to Top