Top Sport

Медведев преку добриот пријател Хачанов до финалето во Мајами

Данил Медведев не покажа „милост“ кон нговиот близок пријател Карен Хачанов, за да го совлада со 7:6(5)/3:6/6:3 во полуфиналето на Мастерсот во Мајами и да се пласира во неверојатното петто финале едноподруго.

27-годишниот Медведев, кој на тие претходни четири турнири освои три титули и загуби во финалето во Индијан Велс од светскиот број 1, Карлос Алкараз, сега има 23 победи во последните 24 меча.

Бидејќи двајцата руски тенисери се добри пријатели, уште подобро си ја познаваат својата игра што се покажа во израмнетиот меч. Хачанов имаше брејк поен уште во првиот гем, но Медведев се одбрани, пред во осмиот гем да направи брејк. Но, Хачанов веднаш израмни, за потоа во тај-брејкот Медведев да биде подобар со 7.5.

Медведев загуби ритам во вториот сет, но потоа Хачанов покажа слабост во четвртиот гем од третиот сет, кој на крајот го чинеше пора по 2 часа и 19 минути. Во финалето, Медведев ќе го чека подобриот од мечот помеѓу Карлос Алкараз и Јаник Синер.

Scroll to Top