Top Sport

Уште ништо не е готово – МЗТ го победи Задар!

МЗТ Скопје Аеродром ги задржа шансите за опстанок во АБА-лигата, откако на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ во одличен меч со 84:80 (30:17, 22:22, 18:26, 14:15) беа подобри од Задар, така намалувајќи му ги шансите на хрватскиот тим за пласман во плејоф пред последните три кола од регуларната сезона.

Со ова се стави крај на лошата серија од трите порази во низа за македонскиот шампион, и кревање од последното место на табелата со поен пред Морнар, иако црногорскиот клуб има три меча помалку.

Почетокот на мечот беше фантастичен за „металците“, кои првите 10 минути ги добија со дури 13 поени предност (30:17). МЗТ успеа да ја одржи оваа предност на полувреме, но потоа, дозволи гостите да направат камбек во третата четвртина, и на крајот во финишот на мечот да дозволат драматична завршница.

Од 82:75, со седум поени разлика, МЗТ за малку ќе загубеше во последната минута од мечот. Македонскиот клуб може да му се заблагодари на Сани Чампара, кој во пслената минута на двапати постигна само еден поен од слободни фрлања, за МЗТ да ја задржи победата.

Мајкл Кефи со 21 поен беше најдобар за домаќините, Страхиња Миховиќ додаде 15, а за гостите, Лука Божиќ исто така имаше 21 поен.

Фото: АБА лига

Scroll to Top