Рускиот тенисер Данил Медведев доживеа сензационална елиминација на АТП мастерс 1000 турнирот кој се игра во кинескиот Шангај.
Тој во третото коло загуби од Американецот Себастијан Корда со 2:0 во сетови (7:6, 6:2).
Во осминафиналето се пласираа и Каспер Руд, Григор Димитров и Лоренцо Сонего.
Корда во осминафиналето за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Унгарецот Фуцович и Аргентинецот Черундоло.