Данил Медведев немаше апсолутно никакви шанси против Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен, губејќи катастрофално со 7:5/6:2/6:2, а по поразот сподели интересна приказна за Србинот и за неговата величина и покрај критиките кои постојано ги добива.
„Ќе ви кажам една мала приказна. Кога првпат го сретнав Новак бев 500. или 600. на светот. Си помислив: ‘Океј, сигурно нема да зборува со мене, тој е број 1’. Бев навистина срамежлив, а тој дојде до мене и ми зборуваше како да сум му пријател. Не се сменил никогаш, секогаш бил голем спортист и голем пријател. Голем човек. Девет гренд слема во Австралија се неверојатни и нема да застане тука“, изјави Медведев.
Ѓоковиќ, пак, му се заблагодари на Русинот за изјавата и имаше мало „барање“ до него.
„Данил, ќе стигнеш до гренд слем титула, само почекај уште некоја година додека јас играм“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ со лесна „деветка“ во Мелбурн, не му даде да „дише“ на Медведев