Мечот помеѓу шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов и поранешниот шампион Конор Мекгрегор се заканува да ги урне сите рекорди на гледаност.
ММА борба на годината, можеби и на деценијата, ќе се одржи на 6.октомври на УФЦ 229 спектаклот во Лас Вегас.
Ирецот преку „Инстраграм“, на начин што е карактеристичен само за него објави мрачно и морничао видео, што е знак дека се враќа во рингот.
Мекгрегор нема борба во УФЦ од декември 2016 година кга ја освои титулата во лесна категорија, чии сопственик сега е Нурмагомедов.