Флојд Мејведер Јуниор се потсмеваше со Конор Мекгрегор пред неделната спаринг-сесија, тврдејќи дека УФЦ ѕвездата се плаши од можен римеч со него.
Мејведер го совлада двократниот УФЦ шампион во боксерски ринг во август 2017 година, кога го нокаутираше во 10. рунда, по што изјави дека се работело за „многу лесен меч“ и дека намерно чекал 10 рунди за публиката да види малку акција.
Краткото видео објавено на неговата Инстаграм страница се подготвува за спаринг по што кратко изјавува: „Каде е? Тој не го сака ова“.
Мекгрегор пак, неколку пати изјави дека би сакал да се обиде со нов боксерски меч, иако не го споменуваше Мејведер, туку неговиот стар ривал, Филипинецот Мани Пакјао.
„Би бил подготвен за втор боксерски меч, и неодамна бевме блиску до потпис со Пакјао. Тоа беше интересна понуда. Би сакал да го суредам и Поли Малињаџи“, изјави неодамна Мекгрегор.