Top Sport

Борис Диао замина в пензија (Видео)

Борис Диао, член на една од најдобрите генерации во историјата н француската кошарка, објави крај на кариерата. 36-годишниот крилен кошаркар, објавата дека заминува в пензија ја објави на својот профил на „Фејсбук“, во друштво на поранешните соиграчи Тони Паркер и Рони Руријаф.

„По завршувањето на сезоната решив да почекам и да видам што ќе се случи. Чувството дека сум на одмор беше добро“, вели кошаркарот кој изминатата сезона ја мина во Левалоа.

Диао, во кариерата, настапувал во По Ортез, Атланта Хоукс, Феникс Санс, Шарлот Бобкетс, Бордо, Сан Антонио Спарс и Јута Џез. Дел од репрезентацијата на Франција беше цели 15 години.

„Според бројот на одиграни натпревари за Франција (247) се израмнив со мојата мајка. Секогаш говорев дека тоа е невозможно. Горд сум поради тоа. не сакав да имам повеќе одиграни натпревари од неа. Поради се она што таа направи за мене решив да престанан да играм“, рекол Диао, чија мајка Елизабет Рифио е една од најзначајните кошаркарки во историјата на Франција.

Најзначаен успех во клупската кариера на Диао е НБА титулата со Сан Антонио Спарс во 2014 година.

Со репрезентација има златен медал од ЕП во Словенија во 2013 година, сребро од ЕП во 2011 година и две бронзи од ЕП во 2005 и 2015 година. СО Франција бил и трет на СП во 2014 година.

This is it….It was a good run….Full video in bio @_tonyparker09 @ronnyturiaf @bros_stories

Posted by Boris DIAW on Четврток, 06 септември 2018

Scroll to Top