Top Sport

Мејведер: Јас сум единствениот спортски милијардер без реклами

Боксерската легенда Флојд Мејведер Јуниор тврди дека тој е единствениот спортист во историјата кој заработил над милијарда долари без богати спонзорски договори.

44-годишниот Мејведер, кој планира враќање во рингот ова лето за бизарен меч со Јутјуберот Логан Пол, преку Инстаграм го рекламираше својот нов проект, NFT незаменлив дигитален токен, и не заборави да посочи: „ЕДИНСТВЕН спортист кој заработил милијарда долари без ниту една реклама“.

Листата на спортисти кои во својата кариера успеале да станат милијардери не е голема – тука се НБА легендата Мајкл Џордан, голферите Џек Никлаус и Тајгер Вудс, тенисерот Роџер Федерер, како и фудбалските мегаѕвезди Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Scroll to Top