Top Sport

Жан Тод го посетува Михаел Шумахер најмалку двапати месечно!

Претседателот на ФИА, Жан Тод открива дека најмалку двапати месечно е во посета на Ф1 легендата Михаел Шумахер, и покрај тоа што неговото семејство го држи седумкратниот шампион далеку од очите на јавноста.

Шумахер на крајот на 2013 година имаше страшна несреќа при скијање со неговиот син Мик (сега Ф1 возач со Хас), по што доби сериозни повреди на мозокот и оттогаш живее во неговиот дом во Швајцарија, а неговото семејство ретко дава вести за неговата состојба.

Тод останува во блиски односи со семејството Шумахер, откако работеше со Шуми како шеф на тимот на Ферари.

„Го гледам Михаел најмалку двапати месечно. Не сакам да го оставам сам. Тој, неговата сопруга Корина, семејството, поминавме многу работи заедно и тоа останува дел од нас“, вели Тод во интервју за „Кориере дела сера“ одбивајќи да даде информации за состојбата на Германецот.

За неговиот син, Мик, тој има што да каже.

„Тој е скромно и културно момче. Во моментов неговите амбиции се ограничени од неконкурентен болид и ќе видиме што ќе носи иднината. Тој има врска со Ферари, а на сите во Ф1 им е потребен силен Ферари. Ја почитувам доминацијата на Мерцедес, но не ми се допаѓа“, открива 75-годишниот Французин.

Scroll to Top