Преговорите за ММА меч меѓу Флојд Мејведер Јуниор и Конор Мекгрегор полека станува реалност, откако шефот на УФЦ, Дејна Вајт веќе преговарал со американскиот боксер, тврди блискиот пријател на Вајт, УФЦ коментаторот Џо Роган.
Мејведер најави дека стави крај на боксерската кариера со совршен 50-0 скор откако го совлада Мекгрегор во боксерскиот ринг во август во меч кој предизвика огромно внимание. Сепак, минатата недела тој изјави дека би можел да се бори во УФЦ со договор за повеќе мечеви вреден милијарда долари. Роган го потврдува ова.
„Флојд подолго време зборува за ММА. Можам само ова да го кажам – Дејна ми кажа дека Флојд сака договор со УФЦ. Јас веднаш му вратив со порака прашувајќи го дали Флојд сериозно размислува за тоа. Тој кратко ми одговори: ‘Да, тој е еб.но луд!’. Мислам дека ќе го убијат во октагонот, но тој уште зборува за тоа“, вели Роган.
Секако, би било интересно да се види како боксерскиот ветеран, познат по своите дефанзивни квалитети во боксерскиот ринг би се одржал во далеку поагресивниот октагон, каде што требаат сосема различни квалитети.
Сепак, ако се работи навистина за милијарда долари, тешко е да се верува дека ова нема да се случи.