Флојд Мејведер јуниор, покрај тоа што е легенда на боксот и го следи репутација на човек кој само сака да се фали со своето богатство, минатата недела покажа дека е и голем човек, помагајќи на 68 семејства да избегаат од пожарите на хавајскиот остров, Мауи.
Според „ТМЗ“, Мејведер платил за 68 семејства да бидат евакуирани во Хонолулу, каде што им го платил хотелското сместување во следните неколку недели, а исто така помогнал и со снабдувањето со храна и облека.
96 луѓе го загубија животот во пожарите во градчет Лахаина на островот Мауи во најсмртоносниот пожар во последните 100 години.