Еден од најдобрите боксери во историјата, Флојд Мејведер Јуниор повторно покажа дека неговиот прекар „Мани“ (пари) не е случаен, откако како да посака да потсети дека има уште многу пари, фотографирајќи се со 2 милиони долари.
42-годишниот Американец (50-0) преку Инстаграм им прати порака на своите следбеници:
„Веќе 23 години го слушам само тоа. Сè што прави Мејведер е фалење со неговите автомобили, со неговиот накит, неговите стаднови, неговите девојки, неговата облека и неговите пари. Среќен сум што поминавте над 2 децении со омраза против мене, наместо да си ја градите својата историја“, напиша Мејведер.
Доколку парите не го направија посакуваниот ефект, Мејведер сподели видео во кое го покажа својот огромен златен медаљон, скап часовник и огромна ташна „Шанел“.
„Во мојот случај, јас сум пресреќен што го покажувам моето легално богатство и што се фалам дека сум црн човек кој дојде од сиромаштија и не му беше гајле што зборат луѓето“, додаде Мејведер.