Top Sport

Мејведер ќе ќари околу 88 милиони евра од првата борба во ММА

Искусниот боксер, Американецот Флојд Мејведер (41) има шанса да заработи вртоглави 88 милиони долари од деби борбата што ќе ја има во мешани боречки вештини (ММА), пренесуваат јапонските медиуми.

Мејведер кој досега е без пораз во рингот, со 50 победи од кои 27 со нокаут, на последниот ден од годинава ќе се бори со кикбоксерот Теншин Нацукава (20).

За учеството во натпреварот Мејведер ќе добие околу 62 милиони долари, од правата за емитување на натпреварот уште околу 26 милиони долари.

Мечот ќе се одржи во „Саитама Супер Арена“ пред 37.000 гледачи.

Погледнете ги 20-те најдобри борби во ММА.

Scroll to Top