Top Sport

Мејведер заработил колку Меси и Роналдо заедно

Магазинот „Форбс“ објави нова листа на најплатени светски спортисти. Кристијано Роналдо првото место на листата му го препушти на боксерот Флојд Мејведер. Првиот на оваа листа, Мејведер, во изминатата година заработил повеќе од Меси и Роналдо заедно.

Благодарение на мечот против Конор Мекгрегор, што се одржа во август минатата година, Мејведер за една година заработил 285 милиони долари. Ова е четврти пат во последните седум години, Мејведер да биде прв на оваа листа на „Форбс“.

Зад американскиот боксер се фудбалските ѕвезди Лео Меси (111 милиони долари) и Кристијано Роналдо (108 милиони долари).

Во Топ 10, според заработените пари уште се: Конор Мекгрегор (99 милиони долари), Нејмар (фудбал, 90), Леброн Џејмс (кошарка, 85,5), Роџер Федерер (тенис, 77,2), Стеф Кари (кошарка, 76,9), Мет Рајан (американски фудбал, 67,3) и Мет Стафорд (американски фудбал, 59,5).

Меѓу првите 100 на оваа листа нема ниту една жена. Највозрасен на листата е голф-играчот Фил Мекферсон (41,3 милиони долари), а најмлад НБА ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо (35,5 милиони долари.

Мекферсон е на 22.место, според она што го заработил минатата година, а Адетокумбо е на 30.позиција.

Scroll to Top