Конор Мекгрегор е обвинет за шест сообраќајни прекршоци по инцидентот кој се случи минатиот месец во Ирска. ММА ѕвездата се појави пред судот во Бленчардстаун, каде што му беа претставени две обвинувања за опасно возење, едно за возење без дозвола и возење возило кое не е осигурано.
Мекгрегор по денот на суд се јави преку Твитер, порачувајќи дека е „пак на тренинг“, најавувајќи камбек во УФЦ кафезот првпат откако ја скрши ногата при поразот од Дастин Поаире минатиот јули.
„3 тежини. 3 нокаути. Одиме нагоре. Единствениот кој го направил тоа во историјата“, напиша Мекгрегор.
3 weights. 3 KO’s. Moving up.
The one and only one to ever do it.— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) April 7, 2022
Конор уапсен во Даблин, привремено му е конфискувано Бентлито!