Top Sport

Мекгрегор е под истрага за силување во Ирска?

УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор, кој денеска по вторпат го објави своето пензионирање, е под истрага за сексуален напад во неговата родна Ирска, јавува „Њујорк тајмс“.

Според американскиот весник, 30-годишниот Мекгрегор е обвинет за силување на жена во Даблин во декември, кога бил уапсен и пуштен по испрашувањето во јануари. Тој не е формално обвинет за криминал, а истрагата, која уште трае не значи доказ за обвинувањата.

Весникот, кој се повикува на повеќе извори, тврди дека жената го обвинува за напад во хотел во јужен Даблин, на запад од квартот Крамлин каде што Мекгрегор порасна. Ирските медиуми објавувале вести за истрагата, но според локалните закони не смеат да ги именуваат обвинетите за сексуални напади пред пресудата.

„Приказната е тука подолго време и нејасно е зошто сега се вади. Поврзувањето на одлуката за повлекување со оваа шпекулација е погрешна. Ако Конор се бори во иднина, тоа ќе биде на место каде што се почитуваат неговите вредности, вештини и напорната работа“, изјави портпаролот на легалниот тим на Мекгрегор, Карен Кеслер.

Мекгрегор (21-4), последен пат беше во УФЦ октагонот во октомври кога загуби од шампионот Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 229. Тој беше уапсен овој месец во Мајами за грабеж откако му го зема телефонот на еден фан кој се обидуваше да го фотографира.

Мекгрегор (повторно) објави крај на кариерата

Scroll to Top