Top Sport

Кореа ја спаси честа на Аргентинците во Мароко (видео)

Вториот тест на аргентинската репрезентацијата помина малку подобро, откако во Тангер, „албиселесте“ ги совладаа Мароко со 1:0, благодарение на првиот гол на Анхел Кореа во националниот дрес по пауза од четири години.

По поразот во Мадрид од Венецуела од 3:1 и одлуката на Лео Меси да се повлече поради повреда, тимот на Лионел Скалони се обидуваше да стигне до победа за кревање на моралот пред Копа Америка ова лето, но до победата добро се намачија.

Во првото полувреме, двете репрезентации немаа јасна шанса на голот и поголемиот дел од играта беше на средниот дел од теренот. Аргентинците не успеаја преку Дибала и Переира да влезат на половината на Мароко, чија цврста одбрана ги разрешуваше ситуациите.

Ниту во второто полувреме не беше поинаку, со малку шанси во нападот, но во 84. минута, фудбалерот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа имаше убав пробив во шестнаесетникот и го совлада голманот на Џирона, Боно.

Scroll to Top