ММА ѕвездата Конор Мекгрегор се подготвува за враќање во УФЦ рингот против Хабиб Нурмагомедов на УФЦ229, но прво имаше време да го презентира своето ново виски „Proper Twelve“ откако не успеа да го именува со своето прво име, неговиот прекар „Notorious“, бидејќи такво виски веќе имаше на ирскиот пазар.
Мекгрегор на социјалните мрежи се пофали со својот проект, но сакаше да ги убеди фановите дека ова не е негов хир, туку дека поминал цел живот учејќи како се прави виски, додавајќи дека неговото семејство има големо искуство во тоа.
„Вистинско ирско виски за вистински ирски маж. Горд ден. Проектот заживува со промоцијата на ирското виски. Цел живот го учев занаетот од мојот покоен дедо од мајчината страна, Кристофер Џејкс Мур и последните три години работев за ова“, изјави Мекгрегор.
Засега, само неговите фанови од Ирска и САД ќе можат да се насладуваат со вискито, бидејќи првично се пушта на ограничен пазар.