Конор Мекгрегор потврди дека ќе се врати во УФЦ октагонот во јули, откако беше лидер на парадата за денот на Свети Патрик во Чикаго.
Денот на Свети Патрик е, секако, празник на сите Ирци, и Мекгрегор не пропушти можност да биде дел од парадата за денот кој се одбележува и низ САД, посебно кај тие со ирско потекло.
Мекгрегор нема меч по тешкиот пораз од Хабиб Нурмагомедов во меч за УФЦ титулата во лесна категорија во октомври, иако отворено зборуваше за можноста за дуел со Доналд Серон или Нејт Диаз.
„Да, преговараме за меч, и целта е тој да биде во јули, па ќе видиме што ќе се случи. Јас останува подготвен во секој момент“, вели Мекгрегор.
Conor Mcgregor’s @ABC7Chicago Interview from the Chicago St. Patrick’s Day Parade! Check out his official Sash and Green shoes! @TheNotoriousMMA #ConorMcgregor ?#Irish #Chicago #ProperTwelve @ProperWhiskey #ufc #chicagoriver #stpattyday pic.twitter.com/4RGoJpmSdp
— Noko E Kim (@NokoKim) March 16, 2019