Top Sport

Гол-шоу на „Олимпико“ – Рома и Џенова со трилер 3:3 реми (видео)

Рома и Џенова одиграа трилер натпревар во првото коло од Серија А, откако на „Олимпико“ домаќините трипати поведуваа, но упорните гости трипати успеваа да израмнат.

Лацио беше сигурен против Сампдорија (0:3), Аталанта од 2:0 го „сврте“ резултатот за 3:2 победа над СПАЛ, додека и со Синиша Михајловиќ покрај нив, Болоња успеаја да одиграат само 1:1 на гостувањето кај Верона.

Ченгиз Ундер уште во шестата минута ја донесе „волчицата“ во водство, но седум минути подоцна Андреа Пинамонти израмни на 1:1. Един Џеко по половина час игра повторно стрелаше за Рома, но во 43. минута со гол од пенал на Кришито, Џенова повторно израмни. Александар Коларов на почетокот на второто полувреме повторно донесе предност за Рома, но Кристијан Куаме во 70. минута од мечот ја покажа упорноста на Џенова, за која во составот не беше Горан Пандев.

Лацио немаше вакви проблеми со вториот клуб од Џенова, Сампдорија, победувајќи со 3:0 на гости благодарение на двата гола на Чиро Имобиле и едниот на Хоакин Кореа.

СЕРИЈА А, 1.КОЛО

Рома – Џенова 3:3

Каљари – Бреша 0:1

Сампдорија – Лацио 0:3

СПАЛ – Аталанта 2:3

Торино – Сасуоло 2:1

Верона – Болоња 1:1

Scroll to Top