Top Sport

Мекгрегор како Тајсон: Сакам да му ги изедам децата на Хабиб!

Нов ден, нова „закачка“. Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов продолжија со „препукувањето“ преку социјалните мрежи, откако Мекгрегор претходно имаше една неприкладна порака за мртвиот татко на поранешниот УФЦ шампион, а Хабиб го нарече „зол“.

Во вербално ривалство кое трае повеќе од три години, Нурмагомедов неодамна во разговор со боксерската легенда Мајк Тајсон го нарече Мекгрегор „валкан“ човек.

„Кога зборува само зли работи за твојот татко, твојата религија, твоите деца… Што би можел да направам. Ако си нормален човек нема да зборуваш за такви работи. Можеби бил пијан кога објавувал, а потоа ги брише пораките. Го прави тоа цело време“, изјави Хабиб.

Мекгрегор, пак, сега ја повтори славната изјава на Тајсон од 2000, кога изјави дека сака да му ги изеде децата на ривалот Ленокс Луис.

„Сакам да му ги изедам децата. Кога последен пат ги видел навистина? Неговата жена? Неговата мајка? Како би било да одиш да поминеш време со децата и семејството и да го држиш моето име подалеку од твојата уста“, напиша Мекгрегор, за потоа повторно да ги избрише пораките.

Scroll to Top