Ирскиот ММА борец, Конор Мекгрегор, ја заврши кариерата во мешаните боречки вештини. Одлуката, 30-годишникот ја соопштил на „Твитер“.
„Здраво момци, денесе решив да се повлечам од спортот познат како „мешани боречки вештини“. На сите мои постари колеги им посакувам успех во натпреварувањето“, напишал Мекгрегор.
Hey guys quick announcement, I’ve decided to retire from the sport formally known as “Mixed Martial Art” today.
I wish all my old colleagues well going forward in competition.
I now join my former partners on this venture, already in retirement.
Proper Pina Coladas on me fellas!— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) March 26, 2019
Ирецот од ММА се повлече и во 2016 година, но набргу им се врати на борбите.
Последниот меч Мекгрегор го имаше лани во октомври, кога во Лас Вегас беше поразен од Хабиб Нурмагомедов. Мечот го обележаа настаните што се случија по завршувањето на борбата, кога Нурмагомедов го нападна спаринг партнерот на Ирецот, Дилон Дејвис, а Мекгрегор иницираше тепачка со членовите на тимот на рускиот борец.
Како резултат на инцидентите двајцата добија казни. Мекгрегор доби шест месечна суспензија и казна од 50.000 долари, а Нурмагмедов е суспендиран на девет месеци и парично казнет со 500.000 долари.
Времет ќе покажа дали Мекгрегор навистина се повлече или само сака да привлече внимание и да избори подобри финансиски услови за наредната борба.
Во ММА, Мекгрегор има скор од 21 победа и четири порази.