Top Sport

Мекинро: Никогаш не го отпишувајте Федерер

Швајцарскиот тениски ас, Роџер Федерер неодамна го оперираше коленото, поради што нема да биде на терените се до почетокот на сезоната на трева.

Легендарниот тенисер, Џо Мекинро вели дека и во 2016 година Федерер бил веќе отпишан, но тој се вратил фуриозно и по враќањето освои три грен слем турнири.

„Тогаш Роџер отсуствуваше од теренот 6 месеци. Тоа беше пред 4 години. И тогаш успеа да се врати, го освои Австралија Опен, беше неверојатно. Никогаш не треба да го отпишувате“ – смета Мекинро.

Тој швајцарскиот ас го спореди со Том Брејди, легендата на американскиот фудбал.

„Истата ситуација беше и со Том Брејди. Како успеваат да го прават сето тоа во тие години. Тоа е феноменално. Мислам, неверојатно е како играат се уште на така високо ниво“ додаде Мекинро.

Scroll to Top