Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на САД опен турнирот откако при резултат од 2-1 во сетови му го предаде мечот на Станислас Вавринка поради повреда.
Сепак, она што ги загрижува фановите на српскиот ас е најавата за подолга пауза. Ѓоковиќ по мечот со Швајцарецот рече дека го очекуваат најмалку 2-3 недели пауза по што планира да настапи на турнир во Токио.
„ЕСПН“ пренесува изјава на легендарниот Џон Мекинро кој смета дека повредата на моментно најдобриот светски рекет ќе биде подолга од првите прогнози.
„Мислам дека нема да го видиме Новак Ѓоковиќ на теренот до крајот на сезоната“ – истакна Мекинро.
Првиот сериозен проблем со рамото Ѓоковиќ го имаше во второто коло на мечот против Лондеро. Србинот успеа да го добие тој меч, но против Вавринка, болката беше неподнослива.
Останува да се види колкава ќе биде паузата на Ѓоковиќ кој очекува да биде подготвен за настап во Токио, на турнирот кој започнува на 30 овој месец.