Американката Сидни Меклафлин постави нов светски рекорд на 400 метри со пречки, станувајќи првата жена со време под 52 секунди (51.90), победувајќи во финалето на Американските олимпски квалификации во Орегон.
21-годишната Меклафлин ја победи олимписката и светска шампионка Далајла Мухамад и покрај високите температури од речиси 40 степени.
Светскиот шампион Ноа Лајлс пак, победи на 200 метри со најдобро време оваа година од 19.74, пред Кени Беднарен и 17-годишниот Еријон Најтон, откако претходно не успеа да се квалификува за трката на 100 метри.