Top Sport

Миленкоски: Благодариме за поддршката, го исполнивме сонот, ќе играме осминафинале против Италија

Одбојкарската репрезентација на Македонија испиша историја, на домашен терен оствари две победи и се пласираше во осминафиналето на Европското првенство, па затоа не треба да остане разочарување по вечерашниот пораз од Чешка. Така вели селекторот Јошко Миленкоски.

„Благодариме за поддршката и за прекрасната атмосфера. Не треба да се разочаруваме со овој пораз, можеби толку е максимумот, а веќе нѐ фати и замор. Кога ќе губиш 2:0, реално е тешко да се вратиш, а Чешка е квалитетна репрезентација“, изјави селекторот Миленкоски.

Во осминафиналето Македонија ќе игра против европскиот и светски првак Италија во Бари.

„Тоа е селекција со врвни играчи, имаат фантастична генерација каква што немале одамна, која освои сѐ што може да се освои. Ќе бидат главни кандидати за златен медал и на ОИ во Париз. Треба да го пронајдеме задоволството во нашиот настап во Бари, го исполнивме нашит план, го реализиравме сонот, се пласиравме меѓу 16-те најдобри селекции во Европа, истакна предводникот на нашиот национален одбојкарски тим.

Scroll to Top