Top Sport

Роналдо: Јас и Меси одбележавме една ера

Кристијано Роналдо изјави дека на ривалството меѓу него и Лионел Меси му дојде крајот.

Португалецот минатата зима ја напушти најголемата фудбалска сцена, со трансфер во Ал-Наср, додека Аргентинецот летово потпиша за Интер Мајами.

Бидејќи Португалецот има 38 години, а Меси 36, апсолутно е јасно дека нивното време заедно помина.

„Ако го сакате Кристијано, не мора да го мразите Меси. Ние двајца ја променивме историјата на фудбалот и има голема почит меѓу нас. Ривалство? Не гледам така на тие работи, ја делевме најголемата сцена цели 15 години. Не велам дека сме пријатели, но ние многу се почитуваме“, изјави Роналдо.

Португалецот пристигна во Манчестер Јунајтед во 2003 година, а Меси дебитираше за Барселона една година подоцна. Практично, тогаш постепено растеше и се појави големо ривалство, кое заврши на неодамнешното Светско првенство во Катар, кое го освои Аргентина.

 

 

Scroll to Top