Top Sport

Миленкоски: Да го заборавиме мечот со Полска и да се фокусираме на Холанѓаните

Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од фаворитот Полска со 3:0 во сетови, но тоа беше очекуван развој на настаните со оглед на огромниот квалитет што го поседува противникот.

Селекторот Јошко Миленкоски вели дека македонските одбојкари треба што е можно побрзо да го заборават тој меч и да се фокусираат на следните, против Холандија и против Чешка.

„Игравме против најдобрата екипа на планетата, против подобри не сум играл. Тие сервираат со 120-130 на час. Нашите симпатизери кои следат одбојка, добро знаат против кого игравме. Сега дојде момент да уживаме во ова Европско првенство на дуели со големите селекции. Ќе се обидеме повеќе на дуелите со Холандија и со Чешка. Можеби сме во осминафиналето, но има и едно црно сценарио според кое и Црна Гора има уште шанси ако победи со некој од фаворитите. Но, и ние имаме уште два наптревари и ќе се обидеме да победиме“, изјави Јошко Миленкоски.

Македонија утре во 17 часот игра против селекцијата на Холандија.

 

Scroll to Top